Средновековни градови и тврдини во Македониjа
Иван Микулчиќ
 

III. СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИJА

2. Обновување на византиската управа во Македониjа.

Словените, населени во периферните делови на Византиското царство, живееле организирани во Склавинии. Тоа се практично етноними и топоними, за да се разликуваат од околното несловенско население.


Сл. 4. Наоди од тн. Комани-тип, 7.- 8. век: А. Св. Размо каj Охрид; Б. Прилеп; (по J. Ковачевиќ и В. Маленко).

Меѓутоа, Склавиниите имале и определено политичко-административно значење.

29 

Почнуваjќи од средината на 7. век царот Констанс II и другите по него се погрижиле Склавиниите што побрзо да ги стават под cвоjа власт. По ова уследело раселувањето на Словените во пустите и пространи делови на Мала Азиjа, а на нивно место оттаму биле населувани Ромеjи-христиjани во Тракиjа, Македониjа и Хелада. Овоj процес во науката е одбележен како рехеленизациjа.

Прва склавиниjа што се нашла на удар на Византиjа била онаа по долното течение на Струма, коjа го блокирала копнениот (Егнациjски) пат помеѓу Цариград и Солун. Констанс ги победил Струмjаните и наjголем дел од нив ги преселил во Анадолиjа. Jустиниjан II во 688/89 ќе ja доврши оваа постапка и на местото на Словените тука населил "Скити"-христиjани од Мала Азиjа. [18]

Во Чудата на св. Димитриjа (II 4) се зборува и за последниот обид Словените да го освоjат Солун. Првуд (Пербонд). кнезот на Ринхините, во 674 г. собира коалициjа за борба против Солун и во jули 677 г. го опсадил градот. Меѓутоа, Струмjаните му откажале помош, а Вел(еге)зитите од Тесалиjа застанале на страната на Солун, помагаjќи го со прехрамбени продукти. Словенската опасност била совладана. Во 759 г. царот Константин V ги покорил последните Склавинии во периферните западни делови на Царството. вклучуваjќи ja и Македониjа. Словените се раселени во помали групи низ Империjата; Македониjа била подготвена за целосна рехеленизациjа.

Како следен чекор, следувало основањето на темите. Во годините помеѓу 789 и 802 била основана темата Македониjа, а по неа Пелопонез, Кефалениjа, Драч. Колонистите, населени во овие воено-цивилни административни единици, добивале од државата земjиште во наследство, со обврска да служат како войници. Така израснало ситно воено племство, прониjари. Македониjа е масовно колонизирана со христиjанско ромеjско население особено во 809/10 година, при владеењето на Никифор. [19]

Овие вести се однесуваат на Jужна (Егеjска) Македониjа, чие jадро било Солунското Поле и рамнините помеѓу долните течениjа на Вардар, Струма и Места. Центар е Солун. Нема вести за нашите краишта. Тие очигледно не биле зафатени со оваа колонизациjа, но, археолошките наоди од 7. и 8. век и каj нас укажуваат на жители-несловени. Од една страна, нив ги сочинувале преостанатите групации на староседелци — Ромеjи, со несловенска (византиска) материjална култура. Од друга страна наодите на

30 

византиските монети во некои од позначаjните тврдини што останале добро запазени, укажуваат на несомнено присуство на византиски воени одреди во нив, како претстража во овие краишта кои до пред половина век биле нивна сопственост.


Сл. 5. Византиско-италски наоди од 7.-8. век: Фибули од Г. Чаjле (1), Стенче и Jегуновце каj Тетово (2, 3). — Бр. 4, 5 — обетки од Голем Град, Преспа (гробови бр. 48 и 65; по В. Битракова)

Како потврда за ова ќе спомнеме некои од наодите од 7. и 8. век каj нас, а кои не се словенски. Околу Охрид се откопани гробови со предмети од т.н. Комани-култура, коjа албанските историчари во занес ja прогласиjа за протоалбанска. [20] Во наjново време вакви предмети се откриени на многу

31 

поширок простор отколку што е Албаниjа. до Средна Далмациjа на запад и од Прилеп до Малешево на исток (фибули), со што целосно се отфрла спомнатата хипотеза. Оваа регионална култура се врзува за домашното ромеjско население, а настанала по аваро-словенските инвазии и по повторното воспоставување на ромейката (византиска) власт во овие краишта.

На островот Голем Град во Преспа откопани се гробови со византиско-италски (несловенски) накит и монета на Константин IV (668-685). Монети на Констанс II се наjдени на Исарот во Валандово и во Селце каj Прилеп, а монети на Jустиниjан II (685-695) на акрополата во Коњух. Во кастелот во Дебреште близу Прилеп ископани се повеќе предмети со византиско потекло од 7. век. Сето ова зборува за присутноста на Ромеите во нашите наjважни тврдини. И градот Сердика (ден. Софиjа) повторно е под ромеjската власт.

Во некрополата "Млака" пред тврдината во Дебреште, Прилеп, откопани се гробови со наоди од доцниот 7. и 8. век. Тие се делумно или целосно кремирани и не се ниту ромеjски, ниту словенски. Станува збор наjвероjатно, за Кутригурите.

Ова протобугарско племе, под водство на Кубер, а како потчинето на аварскиот каган во Панониjа, околу 680 г. се одметнало од Аварите и тргнало кон Солун. Кубер ги повел со себе и Сермесиjаните, (околу 70.000 на броj), во нивната стара татковина. Сермесиjаните биле Ромеи, жители на балканските провинции што Аварите ги заробиле еден век порано и ги населиле во Западна Панониjа, да работат за нив. На Кубер му била доверена управата врз нив.

По неколку победоносни судири со Аварите кои ги прогониле, Кубер со своjот мешан народ успеал да доjде во Македониjа. Од властите во Солун измолил дозвола тие да се населат во Прилепското Поле (Campus Kerameensis; Керамеиаи е античкото име за Прилеп). Властите од Солун им наложиле на Драговичите, како на наjблиски соседи, во прво време да ги помагаат Сермесиjаните во снабдувањето. [21]

Со населување на Сермесиjаните-христиjани и гркофони во опустените северномакедонски простори, Византиjа планирала да ja заjакне

32 

одбраната. Со нив се поврзува и обновата на Стобската епископиjа во доцниот 7. век, макар што градот Стоби цел еден век пред тоа бил целосно разурнат и оставен без жители. [22] Меѓутоа, Кубер го прака своjот шпион Маврос во Солун, да планира напад. Ова е откриено и Кутригурите биле протерани од овие краишта. За натамошната судбина на Сермесиjаните изворите молчат.

Археолошките наоди укажуваат дека Кубер тргнал кон граничниот северноепирски регион за да се насели таму. Во Ерзеке близу Корча и во Врап каj Елбасан наjдени се делови од неговата благаjна, заробена во борбите против аварскиот каган. Два дела од ова фамозно богатство се откопани уште на почетокот од нашиот век, а по третиот дел с? уште се трага.
 

[Previous] [Next]
[Back to Index]


18. Острогорски 1959, 195 и натаму, за оваа и за следните византиски акции наведени во нашиот коментар.

19. Истиот, 227-230.

20. Во н.д. на Е. Манева 1992, 14 и заб.19, цитиран е дел од обемната литература по ова прашање за кое тука нема потреба да ja повторуваме.

21. Овоj настан го дискутирале повеќе европски учени откако големиот византолог П. Лемерл уверливо ги интерпретирал сите историски настани, опишани во Чудата на св. Димитриjа Солунски, надминуваjќи ги сите досегашни делумни обиди (I, II, 1980). Доселувањето на Сермесиjанiте под водство на Кутригурот Кубер во Пелагониjа наjцелосно е прикажано во книгата на J. Вернер 1986, 1-71, Т.1-32, поврзано со пребогатите златни предмети во депоата каj Врап и Ерзеке, во jугoucточнa Албаниjа, како дел од касата на аварскиот каган што Кубер успеал да му го земе со себе во Македониjа.

22. В. Поповиќ 1980, 249-252, сл.5.