Средновековни градови и тврдини во Македониjа
Иван Микулчиќ
 

V. НАСТАНИТЕ ВО 13. И 14. ВЕК.

1. Историски осврт: распадот на Империjата и регионалните кнежевства. - Латините, Бугарите, Епирците и Србите во Македониjа. - Српска експанзиjа во доцниот 13. и 14 век.

Династиjата на Комнини владеела цел еден век (од 1081-1185 г.) Тоа време било одбележано со внатрешна политичка стабилност, стопански напредок и благосостоjба. Династиjата на Ангелите што ке ja наследи претходнава, претставува време на брзо пропагање на Империjата. Во 1185 г. Норманите од Jужна Италиjа продреле низ Македониjа до Солун и го освоиле овоj втор по големина град во Царството. По смртта на Маноjло Комнин, рашкиот голем жупан Стефан Немања целосно се одвоил од византиската централна власт и започнал со освоjувањата на граничните poмejcки земjи. Во 1190 г. го освоил Скопjе; потоа двете главни тврдини во Полозите, Лешок (Љеш'ск) и Градец и до темел ги урнал. И двете тврдини не биле обновени повторно. [1] Со тоа Немања планирал да ja отстрани византиската власт од овоj регион и да го приклучи кон Србиjа.

Централната византиска власт била силно разнишана и локалните моќници се одметнуваат од неа. Околу 1094 г. Добромир Хрс (Хриз) создал независно кнежевство во Струмица и по некоjа година го проширил на Просек, значаjна тврдина на Вардарскиот пат. Сочуван ни е детален опис на борбите околу Просек, кога Ромеите во 1199 г. без успех се обидувале да го вратат под cвoja власт.

Византиjа ќе се обиде уште некое време да ja одржи cвojaтa власт во овие краишта. Во 1204 г. Крстоносците (Латините) го освоиле Цариград и

53 

големата Империjа се распаднала во повеќе делови. Во неjзините балкански теми ќе израснат новите држави на Бугарите, Србите и Епирците. Во Jужна (Егеjска) Македониjа Латините ќе оформат одделно Латинско (Солунско) кнежевство. Новите властодршци наизменично ќе се борат околу власта во нашите краишта.

Овие борби ќе го исполнат наjголемиот дел од 13. век. Jадрото на Византиjа, Мала Азиjа со новата локална престолнина Никеjа (тн. Никеjско Царство) се обидувало да ги поврати и обедини изгубените делови на поранешната Империjа: во неколку обиди успеала да ги освои и нашите краишта. Историjата на нашите краишта во 13. век, пред с?, е исторщат на освоjувања и преземања на нашите поважни градови и тврдини. Немаме намера тука да ги проследиме сите борби околу нив. Меѓутоа овие настани се наjтесно поврзани со нашата тема и за да можат читателите поцелосно да го разберат значњето на нашите крепости во ова време, ќе ja проследиме хронологиjата на поважните настани околу неколку наши главни упоришта.

Просек одиграл централна улога во раниот 13. век. Во 1201 г. Византиjа успеала да го поврати. Во 1202 г. го освоиле Бугарите. Новиот управник на Просек, Ч'смен, во 1205 г. тргнал дури до Солун и го освоил неговото предградие. По смртта на Калоjан (1207 г.) од Бугариjа доага во Просек еден одметник од дворот, по име Стрез, и тука формира престолнина на независно Вардарско кнежевство. Набргу ги ocвоjyва Прилеп и Пелагониjа на запад, потоа Велес и вероjатно Cкопjе и Полозите на север. Србите кои му помогнале да се зацврсти како самостоен владетел, во 1215 г. помогнале да биде отруен.

Просек и натаму игра важна улога. По смртта на Стрез, Латините од Солун го освоиле Просек. Во 1216/17 г. епирскиот деспот Теодор Ангел ги освоил Пелагониjа и Прилеп, Просек, Велес и Скопjе. По битката каj Клокотница во 1230 г. Jован Асен II од Бугариjа ja проширил своjата власт над сите спомнати градови. Во 1241 г. Епирците владеат со Пелагониjа и Прилеп. Во 1246 г. Jован Ватац од Никеjа ги освоил Просек, Велес и Скопjе, а Прилеп во 1254 г. Таму некое време ќе престojyва како царски намесник, познатиот писател Георги Акрополит. Во меѓувреме Михаил Асен II од Бугариjа ги презема Скопjе и Велес, а веќе во 1256 г. новиот никеjски цар Теодор II Ласкарис нив ги става под cвоjата власт. Во 1258 г. Епирците на измама го земаат Прилеп, а Урош I српски, Скопjе. Во следната година и двата града й се вратени на Никеjа, односно на обновената Византиска Империjа.

Господарите и натаму се менувале. Во 1265 г. Константин Тих од Бугариjа го освоил Скопjе, во 1270 г. тоа е под Византиjа, а во 1282 г. кралот

54 

Милутин го приклучува Скопjе кон српската држава, во чии рамки ќе остане до доагањето на Турците во 1392 г.

Останатите тврдини ќе останат под Византиjа уште некое време. Од нив овие краишта ќе ги преземат Србите: Велес, Чрешче, Просек и Штип, како и рудничките крепости Бучин, Добрун, Железнец и Каваларион во 1328 или 1330 г., а Прилеп, Битола, Чемрен и Охрид во 1334 г. Западно-македонските региони Полог, Кичево и Порече биле приклучени кон Србиjа уште под Милутин, помеѓу 1282 и 1295 г.
 

[Previous] [Next]
[Back to Index]


1. Историските настани од 13. и 14. век во нашите краишта добро се документирани и многукратно коментирани во нашата и странска литература. Во нив, главно, нема спорни прашања. Нашиот кус осврт е извлечен од трудовите приведени во претходните поглавиjа (на К. Jиречек, С. Антољак, Б. Панов, од корпусот Визант. извори књ. III. IV и др.), така што нема потреба тука да цитираме извори за секоj од настаните а кои се навистина броjни.