Средновековни градови и тврдини во Македонија
Иван Микулчиќ
III. СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
1. Инвазии во 6. век. - Зона на населување на Словените. - Склавини во 7.-8. век
2. Обновување на византиската управа во Македониjа
3. Бугарски освоjувања на Северна Македониjа. Границата кон Византиjа. Обнова на тврдините
4. Државата на Самуил: градови и крепости
1. Историски осврт
2. Градови и тврдини под Самуил
3. Цркви во 9. и 10. век
III. 1. Инвазии во 6. век. — Зона на населување на Словените. — Склавинии во 7.—8. век. Обновување на византиската управа.
Новите народи што во 6. век доаѓале од Источна Европа на Балканот не оставиле траги од својата примитивна материјална култура туку само пустош. Тоа биле Бугарите и Кутригурите, Аварите и Словените. Нивните упади што ги забележале современиците, ќе ги следиме хронолошки.
Во 517 година една поголема група на „Гети” (несомнено Бугари) го крстосале Илирик од Дунав до Термопилите на југ. [1] Некои населби на нивниот пат биле притоа ограбени, меѓу нив и Скупи чиишто жители пред тоа го напуштиле градот и побарале спас во околните збегови. [2] Археолошки гледано, Скупи во тоа време бил сосем запустен град, осиромашен и мал по обем.
Прокопие од Кајсареја пишува дека во времето на Јустинијан I „Хуните, Словените и Антите речиси секоја година навлегувале во Илирик, цела Тракија, исто и во Хелада и Хелеспонт” [3]. Овие зборови секако се претерани. Подрачјето на денешна Република Македонија во времето на Јустинијан I било само 2—3 пати ограбено. Така, во 540 г. „Хуните” (несомнено Кутригурите) го преминале Дунав и го прошетале Илирик cѐ до Халкидик на југ. Таму се поделиле и еден дел од нив продолжил кон Грција до Коринтската превлака (Истмос), а другиот дел се упатил кон Цариград на исток. При тоа страдале 32 укрепени места во Илирик. [4] Како објаснување, да кажеме дека префектурата Илирик се простирала од Дунав на север, преку подрачјето на денешна Србија со Косово, потоа Албанија и Република Македонија до Грција на југ.
1. P. Lemerle 1954, 280.
2. Љ. Максимовиќ 1980, 21—57, е последна студија за сите варварски упади во Илирик во текот на 6. век.
3. Proc. НА 18, р. 114.15—115. 2, 23; р. 141.19—142.1.
4. Proc. BG II, 4, р. 163.8—164.16. Р. Lemerle 1954, 285.
24
Bo 548 година Словените преминале преку Дунав во Илирик и продреле до Дирахион (Драч) на југозапад. Притоа освоиле низа слабо укрепени места и собрале во нив бројни заробеници. [5] Главна насока во нивното движење бил патот Најс — Улпианум — Скодра — Дирахион (Ниш — Приштина — Скадар — Драч), што значи дека не навлегле во нашите краишта. Во 550/51 година Словените пак влегуваат во Илирик. Попат, кај Ниш, тие слушнале дека во Сердика (Софија) во заседа ги чека славниот војсководач Герман со ромејска армија, за да ги удри од грб. Исплашени од тоа. Словените го напуштиле првобитниот план да одат преку Македонија до Солун на југ и скршнале кон провинцијата Далмација на запад. Таму Словените за прв пат презимиле на балканска почва. [6] По cѐ изгледа дека ни во овој поход Словените не го загрозиле нашето подрачје.
Сл. 2. Словенски иалчесши фибули од Тесалија (А, Б — по Ј. Вернер) и дел од Виничани кај Т. Велес (В); доцен 6. — ран 7. век
Во 558/59 година преку Долни Дунав преминале Кутригурите, водени од каганот Заберган, а придружени од „подунавските Бугари” и од Словените. Ги опустошиле провинциите Долна Мезија и Тракија, Европа и Родопи, а еден дел од нив тргнал на запад кон Солун, користејќи го несомнено Егнацискиот пат. По истиот пат тие се вратиле на Исток, во Тракија и натаму дома, во Влашката Низија. Се сомневаме дека во овој поход страдал и некој дел од нашата територија.
Во следните 20 години нема варварски упади во Илирик, а тоа значи ги немало ни во Македонија. Пишаните извори молчат. Само една редица
5. Ibidem III, 29, р.423.3-13. — Lemerle 1954, 286, со право го поврзува овој упад со големата инвазија во 550/51 г.
6. Proc. BG III, 40, р. 475.19—483.15.
25
закопани пари, скриени в земја во 570/71 година и откриени во наше време на просторот од Дунав на север до Солун на југ, навестува дека можеби во 571 година Словените од Панонија провалиле до Македонија на југ. [7] Неколку остави на монети од тие години најдени се и кај нас, меѓу нив и во големата тврдина на Водно над Скопје. Со археолошките ископувања во 1977 година, зад челната кула на акрополата во оваа тврдина, стратиграфски е издвоен слој со траги од силен пожар и уривање на обѕидието. Во слојот се најдени и бројни монети, кои завршуваат со ковната година 569/70. [8]
Следниот продор на Словените во Илирик се случил, можеби, во 578, а поверојатно во 580/81 година. Тогаш Словените продреле на југ до Грција и останале таму. можеби, 4 години (од 581—584, според Јован Ефески). [9] При тоа, несомнено настрадале и нашите краишта.
Уште во 584/85 година Аварите од Влашката Низија, придружени од Словените од Украина и Молдавија, го минале Долни Дунав и почнале темелно да ги пустошат источнобалканските провинции. По нив, движејќи се по крајбрежниот Егнациски пат на запад, на 22. септември 586 година стигнале кај Солун. [10] По неуспешната опсада го оставиле Солун и се свртиле кон помалите градови и тврдини во Македонија, всушност, кон cи што сеуште вредело да се ограби. Овие пустошења го претставуваат крајот на цивилизираниот градски живот во Македонија.
Низа наоди од скриени пари (остави, депоа) на нашето подрачје, исто така го потврдуваат овој настан. Ископани се во слоевите со траги од силен пожар и уривање во градовите Баргала, Стоби. Хераклеја Линкестис и во тврдините Баба и Селце кај Прилеп. Сите овие остави завршуваат со ковната година 584/85. Спомнатите места го завршиле животот со овие уривања. [11]
Натамошните словенски продири кон југ на Балканот за нас немаат поголемо значење, бидејќи градскиот живот во Македонија речиси целосно замрел. Преживеаното ромејско население избегало на југ или се повлекло во потешко пристапните планински тврдини. Во 20-ина поважни крепости најдени се потврди за натамошното живеење: монети од крајот на 6. и раниот 7. век, потоа карактеристични византиски војнички фибули (токи) од исто време (сл. 1). Со нив ќе изгасне античката епоха кај нас.
Имено. Исидор од Севиља забележал дека во 5-та година од владеењето на Ираклиј (614/15 г.) Словените целосно го окупирале просторот на
7. В. Поповиќ 1981, 111—126.
8. И. Микулчиќ 1982, 50—51.
9. В. Поповиќ 1980, 232.
10. Р. Lemerle 1979, I, 126.13—128.2 (Miracula I, 12).
11. В. Поповиќ 1980. 242—243 (депоата во Баргала и Хераклеја). Депото од Стоби. ископано во „Казино” во 1981 г. cи уште не е објавено.
26
Грција. За да дојдат таму, тие морале попат да ја прегазат и Македонија. За жал, досега не успеавме да регистрираме археолошки (материјални) траги од присуството на Словените на нашето подрачје од 7., 8. и поголемиот дел од 9. век.
Сл. 3. Словенски магиски (култни) метални плочки од Велестино во Тесалија (избор: А — фигура на Перун?; Б, В, Г — шаман, митско животно и воин со секира — по Ј. Вернер); 8.—9. век.
Одговорот на ова загатка не лежи во непознавањето на материјалната култура на Словените. Словенски гробови (со кремација, во урни) и остатоци од населби се откриени во Јужна и Средна Грција; колку се оди повеќе кон југ, толку се тие побројни. Од друга страна, големиот среднобалкански простор од Дунав на север, до Солун на југ, досега не дал никакви ранословенски наоди. Очигледно е дека Словените од Подунавјето едноставно поминале низ тој простор, претходно веќе опустошен, без ромејски населби и за нив неатрактивен. Тие се населиле во медитеранскиот дел на Грција, со блага клима, до морето кое со векови привлекувало бројни народи од север. Тука Словените можеле да контактираат со преостанатите грчки градови и да се снабдуваат со толку ценетите занаетчиски производи, кои Византија ја издигнале меѓу водечките во светот.
Ако ги проследиме сочуваните пишани податоци, ќе ја добиеме истата географска слика. Според Монемвасиската хроника, Пелопонез бил под
27
власта на Словените цели 218 години (од 586—805 г.). [12] Уште во 13. век Латините војувале против Езерјаните и Милингите (Мијаците) на Пелопонез. Археолошките словенски наоди од 7. до 9. век се бројни (Тиринс, Арг, Патрас, Олимпија и др.). [13]
Тесалија несомнено била населена исто така густо со Словени. На тоа укажува настанот од 799 г. кога кнезот Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против царицата Ирина. Во тоа време Акамир е cѐ уште независен словенски архон на областа Верзетија, во Тесалија. [14] Верзетите (или Велегезити) се спомнати и во Чудата на св. Димитрија како едно од словенските племиња што порано го опседнувале Солун.
Постарите истажувачи (Л. Нидерле, М. Дринов и др.) претпоставувале дека ова племе е идентично со подоцнежните Брсјаци (забележани во 11. век). Сепак, пред половина век М. Фаснер, светски авторитет за овие прашања, ова аргументирано го отфрлил. Од Верзитија (Тесалија) потекнуваат и повеќе археолошки наоди од 7.—9. век, како и голем број рани словенски топоними. [15] (сл. 2, 3).
Најсеверните словенски племиња се забележени околу Солунскиот залив и долж Егејскиот брег. Според Чудата на св. Димитрија, близу до Солун (веројатно на Халкидик) во 7. век престојувале Ринхините. Струмјаните биле населени по Долна Струма до Егејскиот брег, а Смолјаните источно од нив, околу долна Места. Западно од Солунскиот залив, во долномакедонската рамнина, се населиле Драговичи, а во крајбрежниот појас јужно од нив Сагудати. Името Сагудати не е словенско, туку турско-татарско (аварско-протобугарско). [16] Племето Војунити продрело во Епир. до Јадранскиот брег на југозапад.
Понатаму на север од спомнатите региони, а тоа значи и на подрачјето на денешна Република Македонија, нема писмени докази за престојот на Словени во тоа време. Исто така, нема ни археолошки наоди од тоа време и покрај тоа што во изминатите 4 децении со интензивни рекогносцирања на теренот евидентиравме околу 3.600 археолошки локалитети од различни епохи. [17] Ранословенски наоди нема.
12. Острогорски 1959, 198. — Каранис 1972, X, 147 и н.
13. В. Поповиќ 1980, 234—239, сл. 2, 3.
14. M. Vasmer 1970, 85, 86.
15. В. Поповиќ 1980, 238, сл. 3; — Н. Чаусидис 1992, 141—154 и 1993, 159—178.
16. Gy. Moravcsik 1958, 2, s.v. Sagudati; Nebulos, Župan. Сагудатите. како и нивниот водач Небулос; потоа жупан како титула на словенските старешини (кнезови) во една жупа и др.
17. Во издание на МАНУ, Скопје, во 1994 г. излезе I том на Археолошката карта на Република Македонија. Тоа се општи текстови како воведи во појавите од одделните временски периоди и одделни култури. Картоните на наоѓалиштата како материјални докази cѐ уште не се обработени. Спореди ја книгата на Е. Манева 1992, 11—15.
28
III. 2. Обновување на византиската управа во Македонија.
Словените, населени во периферните делови на Византиското царство, живееле организирани во Склавинии. Тоа се практично етноними и топоними, за да се разликуваат од околното несловенско население.
Сл. 4. Наоди oд тн. Комани-тии, 7.—8. век: А. Св. Размо кај Охрид; Б. Прилеп; (по Ј. Ковачевиќ и В. Маленко).
Меѓутоа, Склавиниите имале и определено политичко-административно значење.
29
Почнувајќи од средината на 7. век царот Констанс II и другите по него се погрижиле Склавиниите што побрзо да ги стават под своја власт. По ова уследело раселувањето на Словените во пустите и пространи делови на Мала Азија, а на нивно место оттаму биле населувани Ромеји-христијани во Тракија, Македонија и Хелада. Овој процес во науката е одбележен како рехеленизација.
Прва склавинија што се нашла на удар на Византија била онаа по долното течение на Струма, која го блокирала копнениот (Егнацијски) пат помеѓу Цариград и Солун. Констанс ги победил Струмјаните и најголем дел од нив ги преселил во Анадолија. Јустинијан II во 688/89 ќе ја доврши оваа постапка и на местото на Словените тука населил „Скити”–христијани од Мала Азија. [18]
Во Чудата на св. Димитрија (II 4) се зборува и за последниот обид Словените да го освојат Солун. Првуд (Пербонд), кнезот на Ринхините, во 674 г. собира коалиција за борба против Солун и во јули 677 г. го опсадил градот. Меѓутоа, Струмјаните му откажале помош, а Вел(еге)зитите од Тесалија застанале на страната на Солун, помагајќи го со прехрамбени продукти. Словенската опасност била совладана. Во 759 г. царот Константин V ги покорил последните Склавинии во периферните западни делови на Царството, вклучувајќи ја и Македонија. Словените се раселени во помали групи низ Империјата; Македонија била подготвена за целосна рехеленизација.
Како следен чекор, следувало основањето на темите. Во годините помеѓу 789 и 802 била основана темата Македонија, а по неа Пелопонез, Кефаленија, Драч. Колонистите, населени во овие воено-цивилни административни единици, добивале од државата земјиште во наследство, со обврска да служат како војници. Така израснало ситно воено племство, пронијари. Македонија е масовно колонизирана со христијанско ромејско население особено во 809/10 година, при владеењето на Никифор. [19]
Овие вести се однесуваат на Јужна (Егејска) Македонија, чие јадро било Солунското Поле и рамнините помеѓу долните теченија на Вардар, Струма и Места. Центар е Солун. Нема вести за нашите краишта. Тие очигледно не биле зафатени со оваа колонизација, но, археолошките наоди од 7. и 8. век и кај нас укажуваат на жители-несловени. Од една страна, нив ги сочинувале преостанатите групации на староседелци – Ромеји, со несловенска (византиска) материјална култура. Од друга страна наодите на
18. Острогорски 1959, 195 и натаму, за оваа и за следните византиски акции наведени во нашиот коментар.
19. Истиот, 227—230.
30
византиските монети во некои од позначајните тврдини што останале добро запазени, укажуваат на несомнено присуство на византиски воени одреди во нив, како претстража во овие краишта кои до пред половина век биле нивна сопственост.
Сл. 5. Византиско-италски наоди од 7.—8. век: Фибули од Г. Чајле (1), Стенче и Јегуновце кај Тетово (2, 3). — Бр. 4, 5 — обетки од Голем Град, Преспа (гробови бр. 48 и 65; по В. Битракова)
Како потврда за ова ќе спомнеме некои од наодите од 7. и 8. век кај нас, а кои не се словенски. Околу Охрид се откопани гробови со предмети од т.н. Комани-култура, која албанските историчари во занес ја прогласија за протоалбанска. [20] Во најново време вакви предмети се откриени на многу
20. Во н. д. на Е. Манева 1992, 14 и заб. 19. цитиран е дел од обемната литература по ова прашање ia кое тука нема потреба да ја повторуваме.
31
поширок простор отколку што е Албанија, до Средна Далмација на запад и од Прилеп до Малешево на исток (фибули), со што целосно се отфрла спомнатата хипотеза. Оваа регионална култура се врзува за домашното ромејско население, а настанала по аваро-словенските инвазии и по повторното воспоставување на ромејската (византиска) власт во овие краишта.
На островот Голем Град во Преспа откопани се гробови со византиско-италски (несловенски) накит и монета на Константин IV (668—685). Монети на Констанс II се најдени на Исарот во Валандово и во Селце кај Прилеп, а монети на Јустинијан II (685—695) на акрополата во Коњух. Во кастелот во Дебреште близу Прилеп ископани се повеќе предмети со византиско потекло од 7. век. Сето ова зборува за присутноста на Ромеите во нашите најважни тврдини. И градот Сердика (ден. Софија) повторно е под ромејската власт.
Во некрополата „Млака” пред тврдината во Дебреште, Прилеп, откопани се гробови со наоди од доцниот 7. и 8. век. Тие се делумно или целосно кремирани и не се ниту ромејски, ниту словенски. Станува збор најверојатно, за Кутригурите.
Ова протобугарско племе, под водство на Кубер, а како потчинето на аварскиот каган во Панонија, околу 680 г. се одметнало од Аварите и тргнало кон Солун. Кубер ги повел со себе и Сермесијаните, (околу 70.000 на број), во нивната стара татковина. Сермесијаните биле Ромеи, жители на балканските провинции што Аварите ги заробиле еден век порано и ги населиле во Западна Панонија, да работат за нив. На Кубер му била доверена управата врз нив.
По неколку победоносни судири со Аварите кои ги прогониле, Кубер со својот мешан народ успеал да дојде во Македонија. Од властите во Солун измолил дозвола тие да се населат во Прилепското Поле (Campus Kerameensis; Керамеиаи е античкото име за Прилеп). Властите од Солун им наложиле на Драговичите, како на најблиски соседи, во прво време да ги помагаат Сермесијаните во снабдувањето. [21]
Со населување на Сермесијаните-христијани и гркофони во опустените северномакедонски простори, Византија планирала да ја зајакне
21. Овој настан го дискутирале повеќе европски учени откако големиот византолог П. Лемерл уверливо ги интерпретирал сите историски настани, опишани во Чудата на св. Димитрија Солунски, надминувајќи ги сите досегашнн делумни обиди (I, II, 1980). Доселувањето на Сермесијаните под водство на Кутригурот Кубер во Пелагонија најцелосно е прикажано во книгата на Ј. Вернер 1986, 1—71, Т. 1—32, поврзано со пребогатите златни предмети во депоата кај Врап и Ерзеке, во југоисточна Албанија, како дел од касата на аварскиот каган што Кубер успеал да му го земе со себе во Македонија.
32
одбраната. Со нив се поврзува и обновата на Стобската епископија во доцниот 7. век, макар што градот Стоби цел еден век пред тоа бил целосно разурнат и оставен без жители. [22] Меѓутоа, Кубер го праќа својот шпион Маврос во Солун, да планира напад. Ова е откриено и Кутригурите биле протерани од овие краишта. За натамошната судбина на Сермесијаните изворите молчат.
Археолошките наоди укажуваат дека Кубер тргнал кон граничниот северноепирски регион за да се насели таму. Во Ерзеке близу Корча и во Врап кај Елбасан најдени се делови од неговата благајна. заробена во борбите против аварскиот каган. Два дела од ова фамозно богатство се откопани уште на почетокот од нашиот век, а по третиот дел cѐ уште се трага.
III. 3. Бугарски освојувања на Северна Македонија. Границата кон Византија. Обнова на тврдините.
Во 807 година водачот на Бугарите во Панонија, Крум, бил избран во Плиска за каган на сите Бугари. Со него започнува нова историска етапа на Источниот и Средниот Балкан. Во борбите неколку години по ред, Бугарите ја потиснуваат византиската власт кон крајбрежните зони на Црното и Егејското море. Низа византиски градови биле освоени и ограбени, до Сердика (Софија) на запад. Под кнезот Борис (852—889 г.) и син му Симеон. бугарската власт ќе се прошири на запад до Дрина и до Јадран, со премолчана согласност на Византија. Новата голема држава го опфатила и подрачјето на денешна Република Македонија.
Сфаќајќи ја важноста на новата вера, во 864 година Борис го прифаќа христијанството (царот Михајло III како кум му го дава своето име). Борис лично спроведува покрстување и сурово се пресметува со оние што пружаат отпор. Во регионот на Брегалница биле покрстени 4.050 (или 14.000) Словени. Грчкото свештенство ја организира Бугарската црква, а тоа влијае врз забрзаниот процес на политичкото и етничкото обединување на Прабугарите и Словените. Старите племенски имиња се губат. Со помош на Рим и преку притисок врз Цариград, бугарската црква добива свој архиепископ. Следбениците на Константин и Методиј, Климент и Наум, доаѓаат во 886 година од Моравија во Охрид и тука шират христијанство и писменост.
22. В. Поповиќ 1980, 249—252, сл. 5.
33
Cл. 6. Обележја на власта на балканските простори во 10. век: 1, 2. амулети со тн. глава-јавач од Чемрен (Зовик) и Прилеп (Варош); 3. тамга од Арангел кај Кичево; 4. амулет-печат од Девол (Дреново кај Кавадарци); 5. двостран печат од Јегуновце кај Тетово; 6. појасна тока со лав-грифон, Девол (Дреново)
34
За време на владеењето на помладиот син на Борис, Симеон (893—927 г.) Бугарија го достигнала врвот на својата моќ. Во низа судири со Византија тој ја проширува својата држава на нејзина сметка. Во 904 г. Арапите од Триполи го освоиле и го ограбиле Солун, а голем дел од жителите одвеле во пленство. Симеон го користи тоа за да ја помести границата на југ, поблиску кон Солун. Во 913 г. доаѓа со војска под Цариград и од патријархот изнудува царска круна. Во 914 г. ја пустоши околината на Солун и Драч. Во 918 г. продира низ Грција до Коринт најуги ја изнудува титулата „Цар на Бугарите и Ромеите” [23]. Во 924 г. Симеон ја покорил и страотно ја опустошил Србија. Призната е самостојната бугарска патријаршија.
По смртта на Симеон Бугарија брзо слабее, а Византија ги враќа своите поранешни територии и хегемонија врз Средниот Балкан. Рускиот кнез Свјатислав ја покорува Бугарија и владее со неа. Во 971 г. царот Јован Цимиск, Ерменин на византискиот престол, ја освојува Бугарија и влегува во Преслав. Цела Бугарија повторно станала дел од Византиската империја, до Дунав на север, до Дрина и до Јадран на запад.
* * *
Посматрано од археолошки аспект, токму во ова време паѓаат вистинските почетоци на словенското средновековие. Приливот на нови словенски групации во Среден Балкан мора да бил голем во тоа време. Близу стотина некрополи на нашето подрачје, во кои се ископани наоди од 10.—12. век. во низа случаи укажуваат на можните почетоци од 9. век. [24]
Балканските Словени. населени на широкиот простор од Црното до Јадранското Море и од Дунав на север до Коринт на југ, создаваат сега единствена материјална култура која ги обединува во една голема балканска заедница. На целиот тој простор, во маса метални производи (делови од воената опрема, облека и накит), меѓу стандардните форми користени од словенското население, одвреме-навреме се појавуваат специфични предмети врзани за бугарско болјарство како носители на новата државна управа (сп. сл. 6). [25]
Во нашата историографија никој не обрнал внимание на словенското доселување во 9. век во среднобалканските простори. Тука помислуваме на
23. Г. Острогорски 1959, 248—258 (за овој и за следните настани наведеки кај нас).
24. Е. Манева 1992, 15, 36 и н., 113—240 (каталог на наодите).
25. За појасната тока од Девол-град. Дреново (лав-грифон врз друго животно) сп. З. Вински 1974, 62, 67, 72—73 и Т. II. 7—11; И. Микулчиќ 1983, 213—214, сл. 3; — Ж. Аладжов 1981, 22—27; — За релјефните амулети со глави-јавачи од Зовик и Прилеп; Љ. Џидрова 1989, 247—257. — За двојннте печати-амулети: Р. Рашев 1988, 57—61 и В. Залескаја 1980, 48—51.
35
нови бранови од изворното Подунавско јадро, покренати по сломот на Аварскиот каганат во Панонија (крај на 8. век). Сломот на Аварите овозможил повторно воспоставување на врските со словенскиот север. Трговците од Византија можеле да патуваат безбедно до Морава на север, а по нив и Константин (Кирил) и Методиј, таму да ја извршат својата мисија. Учениците на Методиј, избркани од Моравија по неговата смрт, доаѓаат на Балканот за да го шират христијанството на словенски јазик.
Контактите со прекудунавскиот словенски север имаат археолошки потврди кај нас во вид на низа специфични предмети, произведени или идејно креирани на Север. Пронајдени се во нашите крепости Чрешче, Собри, Стена, Давина и др. (сп. сл. 7. 108, 147, 164, 175). [26]
Сл. 7. Амулет-„рокче” со глава на Перун-Свевид, со 4 лица. „Давина”, с. Чучер кај Скопје, 9.—10. век
26. Ј. Poulik и др. 1985, 14, сл. 3.1, 10, T. I — за апликата од Стенче и појасното јазиче од Чрешче; Т. III (жел. оструга од Остров-Башовце) блиска е до таков наод од Собри кај Тетово. — Н. Чаусидис 1994, 462, Т. 105, 1—7; четириглавиот Перун-Свјатовид од Преслав, Вислица и од повеќето балтички локалитети, аналогни на нашето рокче од Давина кај Скопје.
Во оваа смисла зборуваат и повеќето топоними; така на пр. Морава (низ цела денешна Србија и на Косово, во северното подножје на Скопска Црна Гора); Морава се вика и крајот северно од Костур; потоа источниот крај на Корчанскиот регион, во југоисточна Албанцја. Боемија (второ име за Чешка) се вика микро-регионот околу Валандово, долж Анска Река (Боимија), потоа регионот и гратчето Боемнца (ден. Аксиуполис) јужно од Гевгелија.
36
III. 4. Државата на Самуил: градови у крепости
1. Историски осврт.
За историските настани од тоа време и за создавањето на државата на Самуил доволно е пишувано кај нас и во светот. [27] Ова големо историско поглавје ќе го проследиме од наш аспект: низ постоењето на укрепени места на овие простори. Но, пред да се свртиме кон тврдините, во најкуси црти ќе ја проследиме хронологијата на настаните од тој период (969—1018 година).
За востанието на Комитопулите — четирите сина на комисот (кнез) Никола против централната византиска власт во 969 г. се уште се дискутира. Почнувајќи од 976 г. наваму, настаните се многу појасни. Тогаш царот Јован Цимиски, Ерменец (како и комес Никола и жена му Хрипсиме, родителите
Сл. 8. Ликот на царот Самуил, реконструиран според неговиот череп (oд саркофаг „Г”) црква Св. Ахил, Мала Преспа (по Н. Муцопулос)
на Самуил и можеби роднините на царот), бил убиен од соперникот Василиј II. Комитопулите му откажуваат послушност на новиот цар и креваат востание.
Во борбите со Василиј преживува само Самуил. До 986 г. Самуил ги освоил западните византиски теми до Тесалија на југ, а на исток-денешна
27. Не навлегувајќи во обемната современа литература за овие настани, ќе се повикаме на изложувањата на Г. Острогорски (1959), С. Антољак (1985, I) и Б. Панов (1985, III), како и на Д. Ташковски (1961).
37
западна Бугарија до познатиот планински премин Трајанова Порта (Суци, Ихтиман). Користејќи ја граѓанската војна што била водена во Византија, Самуил ја освоил и Дукља (987 г.) и продрел преку Дубровник и Сплит до Задар на запад. Власта ја проширил н преку денешна Србија до Дунав на север.
По обидот да ја освои и Средна Грција, во 995/6 г. Самуил е тешко
Сл. 9. Царот Василиј II вооружен како оклопен коњаник. Минијатура на цариградскиот псалтир од 1017 г.
поразен на реката Сперхеј и со тоа почнува периодот на слабеење на неговата држава. На Василиј II му ветува номинална покорност но сепак, во 997 се крунисува за цар.
38
По ова Внзантија преминува во офанзива. Во 1000 г. Василиј II му ги одзема источните делови (денешна Бугарија) до Средец (Софија) на запад, а во 1001 г. и Тесалија